Орбан: Турско-грчката граница веќе ја минале 130.000 мигранти, мора да ги запреме

Тој додаде дека мигрантите кои ќе ја преминат грчката граница мора да бидат запрени пред да влезат во други земји.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека 130.000 мигранти веќе ја поминале турско-грчката граница и оти мора да бидат запрени што е можно појужно.

– Нема да биде доволно да се одбрани грчко-турската граница, истакна Орбан на заедничката прес-конференција со премиерите од Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија) во Прага.

Тој додаде дека мигрантите кои ќе ја преминат грчката граница мора да бидат запрени пред да влезат во други земји. Орбан потенцира дека треба да им се пружи помош на Северна Македонија и на Србија, ако мигрантите го поминат нивните граници, додека Унгарија ќе биде последната бариера.

– Како последно средство ќе ја одбраниме европската надворешна граница, посочи Орбан.

Тој додаде дека на Самитот на Вишеградската група унгарскиот став за илегалната миграција стана општоприфатен во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот