Орбан сака да ги задржи односите со Русија, но се сомнева дали тоа ќе биде возможно

Владимир Путин и Виктор Орбан
Владимир Путин и Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/Zoltan Mathe

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија е заинтересирана за одржување на врските со Русија, но додаде дека се сомнева дека тоа ќе биде можно во иднина.

„Продолжувањето на односите меѓу ЕУ и Русија е остварливо, но далеку од реалноста. Затоа е потребно да се размислува за тоа какви односи треба да се градат и одржуваат со Русија во надворешната и економската политика во следните десет до петнаесет години. Очигледно е дека во наш интерес е од повеќе причини да ги одржуваме односите со Русија што е можно подолго“, нагласи Орбан на економскиот форум во Будимпешта.

Тој посочи дека енергијата во моментов предизвикува најголема загриженост за Унгарија, бидејќи поевтината руска енергија долго време е основата на економскиот напредок на ЕУ.

„Ако погледнеме што се случува сега, ќе видиме дека првиот чекор е одвојување на европската економија од руската. Во исто време, суровините и енергијата се уште се неопходни, но сега доаѓаат од друго место. Затоа, една зависност полека, но сигурно се менува во друга“, додаде Орбан. Унгарскиот премиер на почетокот на годината изјави дека Европа веќе е во загуба поради војната во Украина бидејќи одбива да увезува руска енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот