1.1 C
Скопје

Орбан повторно против ЕУ: Унгарците постигнаа договор да купат кинеска вакцина

Унгарската влада објави дека постигнала договор со кинескиот Синофарм за набавка на нивната вакцина против коронавирус. Земајќи предвид дека  ЕУ ги предупреди земјите членки да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини овој потег претставува нов чекор на оддалечување на Будимпешта од Европската унија.

Владата на Виктор Орбан остро ја критикуваше ЕУ за бавното снабдување и испорака на вакцини, кои сега се закануваат на закрепнување на економијата. Владата во четвртокот донесе и указ со кој и се дозволува да набавува вакцини надвор од централизираната програма на ЕУ.

– Ако погледнеме подалеку од границите на ЕУ, ќе видиме дека САД, Велика Британија и Израел се вакцинираат со зголемена стапка – објави министерот за надворешни работи Питер Сијарто на Фејсбук, пренесува Индекс.

Прочитајте и...  Шабани за „Слободен печат“: Ако не инсистираат Кинезите, не мора да ја регистрираме кинеската вакцина

Неговиот портпарол за Ројтерс изјави дека процесот на одобрување на кинеската вакцина е „во тек“.

Шефот на канцеларијата на унгарскиот премиер на брифингот во четвртокот изјави дека пратките со вакцини во рамките на програмата на ЕУ пристигнуваат премногу бавно и дека Унгарија ќе ги продолжи преговорите со Русија и Кина за набавка на дополнителни дози на вакцината.

– Со Синофарм практично постигнавме договор. Првата пратка може да содржи до милион дози – рече Гулијаш.

Кина ја одобри употребата на вакцината Синофарм кон крајот на декември. Детални податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината не се објавени, но кинеската фармацевтска компанија тврди дека нивната вакцина е ефикасна 79,34 проценти.

ЕК ги предупредува земјите-членки да не се обидуваат сами да ја набавуваат вакцината

Поврзани вести

Бајден уверен: „Северен тек 2“ е лош договор за Европа

Слободен печат

Западните соседи во проблеми од обилните врнежи на дожд: Поплави во Албанија, Скадар е пред вонредна состојба

Слободен печат

Филипче: „Мој термин“ ќе има клучна улога во процесот на имунизација против ковид-19, имаме залихи од Ивермектин и Клексан

Слободен печат

Студен туш од Атина за Србите: Нема договор за влез во Грција оваа сезона

Слободен печат

Со 75.000 денари од општинската каса: Поставени пет мерни станици за аерозагадување во Свети Николе

Слободен печат

ВИДЕО: Младата македонска режисерка Ана Алексовска ги освојува филмските фестивали со „Господата од Современа“

Слободен печат

Остави Коментар