Орбан повикан на дебата во ЕП, тој ја испраќа министерката за правда

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е повикан утре да учествува во дебатата на Европскиот парламент за ситуацијата во неговата земја, но официјална Будимпешта му одговори на претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, дека на пленарната сесија ќе ја испрати министерката за правда, Јудит Варга.

Европскиот совет и Европската комисија утре треба да ја претстават изјавата за состојбата со вонредната состојба во Унгарија и нејзиното влијание врз основните права и слободи, по што е најавена дебата на пленарната сесија на парламентот, се вели во писмото на Сасоли до Орбан.

Унгарскиот Парламент кон крајот на март донесе закон што на премиерот Орбан му дозволува да владее со декрети се додека не се донесе нова одлука, како дел од вонредната состојба прогласена во борбата против коронавирусот. Овие овластувања предизвикаа загриженост кај претседателката на Европската комисија, Урсула фон де Лајен.

Прочитајте и...  Ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах: Стотици загинати ерменски војници (ВИДЕО)

Сасоли изјави дека унгарската министерка за правда побарала учество за да се разјасни нивниот став.

-Според правилата на ваквиот тип дебати, сепак,  учеството е на ниво на шефови на држави или влади, рече Сасоли, кој го бара доаѓањето на Орбан.

Орбан, во писмото со кое му одговара на Сасоли, напиша дека унгарската Влада ќе биде претставена на пленарната седница на ЕП од министерката Јудита Варга, соопшти синоќа неговиот портпарол Берталан Хаваси.

Тој кажа дека Орбан ја користи својата „сила и енергија” за борбата против епидемијата на коронавирусот, додавајќи дека побарал од Сасоли да и дозволи на Варга да се обрати на сесијата посветена на Унгарија.

Прочитај повеќе

Американски суд времено ја блокираша забраната против ТикТок

Марина Дамческа

Нови рестриктивни мерки во Велика Британија

Слободен печат

Ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах: Стотици загинати ерменски војници (ВИДЕО)

Слободен печат

Тркалезна маса за состојбата со болеста беснило во земјава

Слободен печат

Во Црна Гора од денеска дополнителни рестриктивни мерки

Слободен печат

Форум ЦСИД ќе презентира документ за учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Осум банки заинтересирани за платниот промет на Пошта

МИА Агенција

Помпео: Кина е главна закана за САД

Слободен печат

Продолжуваат преговорите за договор за Брегзит

Слободен печат

Османи на разговори за европското досие на Северна Македонија во Брисел

Слободен печат

Помпео на средба со Дендиас во Солун

МИА Агенција

Со четвртиот сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството

Слободен печат