Орбан: Ние сме задолжени за чување на „тврдината”, но Брисел не ни помага во овие напори, туку ни пука в грб

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел не успева да придонесе во напорите за сузбивање на илегалната миграција.

Орбан изјави дека Унгарија во моментов работи на заштита на цела Европа.

-Навистина, тоа е напад врз Унгарија, изјави Орбан за унгарското радио Кошут, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарскиот премиер изјави дека само минатата година биле уапсени 122.000 лица, кои илегално влегле во земјата, наспроти 45.000 една година претходно, што, според него, покажува дека бројот на нелегални влегувања во земјата се зголемува.

-Проблемот со илегалната миграција е далеку од решен. Напротив, тој ќе биде со нас во следните неколку години, предупреди Орбан.

Тој додаде дека мора да се зајакне граничната контрола и да се ангажираат нови сили.

-Потребни ни се што повеќе војници само за гранична контрола, рече унгарскиот премиер.

Тој нагласи дека Унгарците биле „задолжени за тврдината”, заштитувајќи ги границите на цела Европа, „но дека Брисел не ни помага во овие напори, туку напротив ни пука в грб”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот