Орбан: Ние сме црната овца на ЕУ

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарија одби да ги прими илегалните мигранти за време на мигрантската криза во 2015-та година и тоа било „единствено разумно однесување“ за да се одбрани земјата и нејзините граѓани, изјави премиерот Виктор Орбан во интервју за американската телевизија Фокс Њуз. 

„Тоа доаѓа од Бога и природата, сите аргументи се со нас. Ова е наша земја, ова се наши луѓе, историја, јазик, мораме да ги заштитиме. Секако, ако е некој во неволја и Унгарците ви се најблиски, секако дека ќе ви помогнеме, но влезот во земјата без дозвола е човечко право“ изјави Орбан. 

Покрај имиграцијата, Унгарија во поново време им се спротистави на ЕУ и околу контроверзниот анти-ЛГБТИ закон во училиштата, што веќе со месеци претставува една од главните теми во Унијата. 

Според него, нападите со кои се соочува неговата земја, се нарушува неговиот углед и угледот на Унгарија, која тој вели дека е третирана како „црна овца“ во ЕУ. 

Орбан говореше и за односот меѓу Унгарија и САД, откако неодамна Бајден изјави дека унгарскиот премиер е „тотален насилник“. Унгарецот вели дека од изјавата бил навреден не само тој, туку и целиот унгарски народ, но бидејќи се работи за претседател на САД, тие мора да бидат „скромни“. 

„Билатералните односи меѓу САД и Унгарија во основа се многу добри, посебно во одбраната, економијата и трговијата“ додаде Орбан. 

Кога на тема беа изборите во Унгарија кои се закажани за следната година, Орбан рече дека е изненаден од меѓународната заедница која ја прифаќа коалицијата на комунистичките политички сили и антисемитистити кои ќе настапат заедно на изборите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот