Орбан: Нема источни или западни вакцини, туку само добри или лоши

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека државите мора да набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количества, без разлика дали тие доаѓаат од истокот или од западот.

Во онлајн интервјуто за германскиот портал „Фокус”, а по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина „Спутник V”, Орбан кажа дека задача на политичарите во пандемијата е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните.

-Затоа што оние кои ќе купат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата, рече унгарскиот премиер.

Орбан истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши”, пренесе унгарската агенција МТИ.

Тој додаде дека набавката на вакцини и затегнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.

-Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини, рече Орбан.

Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, унгарскиот лидер кажа дека е јасно оти станува збор за погрешна одлука.

-САД, Велика Британија, Израел, па дури и Србија се далеку пред нас земјите-членки на ЕУ, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна да се смени тој курс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот