Орбан: Нема Брисел да ни кажува како да живееме

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарците ќе одлучат каква влада треба да има нивната земја, а не Брисел.

– Не можеме да дозволиме Брисел да ни кажува како треба да живееме и да ни ги испраќа своите платеници да делегираат. Помина времето кога тие се обидуваа да ни кажат како треба да живееме. Се ослободивме од тоа пред 30 години, рече Орбан, пренесе МТИ.

Според него, Брисел би сакал да делегира влада составена од унгарските социјалисти и Партијата за почит и слобода (Тиса), но тој нагласи дека Унгарците на крајот ќе одлучат како ќе изгледа нивната влада.

Тој рече дека Унгарија ќе се спротивстави на „планот на Брисел да делегира унгарска влада“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот