Орбан: Не можеме да функционираме без руска нафта и гас, не го забранувајте увозот

Виктор Орбан/ Фото: EPA/FILIP SINGER

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија го осудува рускиот напад врз Украина, но не ги поддржува предлозите за санкции кон Москва кои ќе вклучат забрана за увоз на руски енергенси.

„Ја осудуваме руската вооружена инвазија и војната воопшто, но нема да дозволиме унгарски семејства да бидат терани да ја плаќаат цената на војната. Санкциите кон Русија не смеат да се прошират врз секторите нафта и гас“, изјаи Орбан по средбата со британскиот колега Борис Џонсон во Лондон.

Тој додаде дека ваквите санкции би претставувале „диспропорционално голем товар“ за Унгарија.

Повеќето од унгарскиот увоз на енергенси доаѓа од Русија, а околу 90 отсто од домовите во земјата се греат на гас, нагласи Орбан, додавајќи дека унгарската економија „едноставно не може да фукнкционира“ без руска нафта и гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот