ОРБАН ЈА НАЛУТИ ЕУ: Нема да дозволиме Будимпешта да се извлече!

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Министрите на Европската Унија го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан. Критиките кон Орбан се упатени на сметка на проширување на рестрикција на медиумите, судиите, професорите малцинствата и групите за заштита на правата, што е причина за загриженост поради слабеењето на демократијата во Унгарија, пренесува Ројтерс.

Една година откако Европскиот парламент соопшти дека потезите на Орбан носат „јасен ризик од сериозно кршење на суштинските вредности на ЕУ“, министрите во Брисел го одржаа првото официјално сослушување за Унгарија.

Денешното сослушување е одржано во рамките на истрага за непочитување на владеењето на правото во Унгарија, а што би можело да доведе до суспензија на нејзиното право на глас во ЕУ, ако другите земји се согласат на тоа.

По состанокот, единствено полскиот министер за европски работи, Конрад Симански, рекол дека Варшава не верува оти политиката на Орбан претставува некаков систематски ризик за демократските стандарди.

Останатите нагласиле дека ЕУ нема да дозволи Будимпешта да се извлече.

– Без почитување на владеењето на правото нема ЕУ. Тоа е темелот по кој е изградена Унијата – истакна Франс Тимерманс, кој ја водел истрагата и против Унгарија и против Полска.

– ЕУ на многу начини функционира како семејство, а во семејство мора да постојат правила, бидејќи во спротивно тоа нема да функционира. А основа за тоа е владеењето на правото – изјави австрискиот министер за европски прашања Александар Шаленберг.

Орбан, кој е на власт од 2010. година, ја налутил ЕУ и цврстата анти-мигрантска политика и грубите кампањи против овој блок со антисемитски тонови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот