Орбан ја користи кризата со коронавирусот за да ги прошири своите ингеренции

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарскиот Парламент денеска ќе го разгледува нацрт-законот со кој на Орбан му се овозможува да владее со уредби на неопределено време.

Премирот на Унгарија, Виктор Орбан ја користи кризата со новиот коронавирус за да ги прошири своите ингеренции со нов закон, со кој може да ја продолжува вонредната состојба на неодредено време.

– Новиот закон содржи и одредби, со кои Орбан би можел  да ги ограничи давателите на информации и кога не е вонредна состојба, предупредуваат аналитичарите од сајтот „Еуроинелиџенс” (Eurointelligence.com).

Унгарскиот Парламент денеска ќе го разгледува нацрт-законот со кој на Орбан му се овозможува да владее со уредби на неопределено време.

Парламентот може да ја укине вонредната состојба со мнозинство гласови, но партијата на Орбан, Фидес и Христијанско-демократската народна партија (КДНП) имаат двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи дека премиерот има „одврзани раце”.

Во анализата се истакнува дека Орбан ги користи истите методи за да ја прошири својата моќ како што прават фаистичките диктатори. Новиот закон би овозможил суспензија на поединечни закони, отстапување на законските одредби или преземање на други вонредни мерки.

Новиот закон предвидува од три до осум години затвор за тие што ја кршат наредбата за изолација или карантин. Предвидена е и затворска казна од три до пет години за тие што шират дезинформации кои можат да предизвикаат паника.

„Еуроинелиџенс” наведува дека унгарската армија минатат недела испраќаше униформирани тимови за контрола на поединечни приватни компании. Додека Министерството за одбрана соопшти дека армијата треба да ги обезбедува клучните индустрии, како транспортот, телекомуникациите и здравството.

Орбан во радио-емисија изјави дека во случај ако национализацијата е неопходна, војската и полицијата ќе мора да се присутни во тие компании.

Опозициската партија Јобик протестираше, истакнувајќи оти компаниите може да бидат обврзани да продолжат со прпоизводството, но оти законот не предвидува присуство на армијата.

Ако законот не добие поддршка од опозициските партии, недела подоцна може да го изгласа дво-третинското мнозинство на Орбан, потенцира „Еуроинелиџенс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот