Орбан и неговата партија Фидес целосно ги прекинаа врските со ЕПП: „Време е да се збогуваме”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата владеачка партија Фидес денеска целосно ги прекинаа врските со Европската народна партија (ЕПП), чекор што се доживува како формалност по долгогодишните расправии околу основните вредности на Европската унија и владеењето на правото, јави ДПА.

Во писмото, објавено на Твитер од потпретседателот на унгарската владеачка партија, Каталин Новак, се вели дека Фидес повеќе не сака да биде членка на Европската народна партија и дека ќе излезе од конзервативното политичко семејство.

„Време е да се збогуваме”, напиша Новак, пренесоа американските медиуми.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: “Фидес ја напушти христијанската демократија. Всушност, тој замина пред многу години”.

ЕПП потврди дека Фидес испратила писмо со кое го прекинува своето членство во групата на паневропските партиите на десниот центар.

Членството на Фидес веќе беше во мирување од март 2019 година, а нејзините 12 пратеници во ЕУ ја напуштија делегацијата на ЕПП на почетокот на овој месец, што беше прашање на време додека не пристигна писмото.

Кавгите меѓу раководството на ЕПП и Фидес се провлекуваа со години, а  беа интензивирани со навредите упатени кон членот на ЕПП и поранешен претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Политиката на Орбан, вклучувајќи ги и рестриктивните закони за азил и регулативата што се занимава со невладини организации, се повеќе ја спротивставуваа неговата конзервативна влада против колегите од ЕПП, како и на Европската комисија во Брисел.

На почетокот на овој месец Орбан напиша дека „новата европска десница, предвидена од него, ќе понуди дом за сите европски граѓани кои не сакаат мигранти, мултикултурализам, кои не се зависни од ЛГБТ манијата, кои ги штитат христијанските традиции и го почитуваат националниот суверенитет”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот