Орбан: ЕУ и Германија ни земаат шест, а ни враќаат четири милијарди евра

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека побогатите земји од ЕУ „на чело со Германија” од Унгарија земаат околу шест милијарди евра годишно, под различни изговори, додека Унгарија од буџетот добива четири милијарди евра.

Изјавата на Орбан е одговор за Мартин Шулц, поранешниот шеф на Германската социјалдемократска партија и претседател на Европскиот парламент во периодот од 2012 до 2017 година, кој, како што рече Орбан, „со години ја напаѓаше Унгарија” затоа што ги бранеше своите граници и не прифаќаше мигранти.

Во интервју за Дојчландфанк, Шулц ја обвини унгарската влада за репресија на медиумите, антисемитизам и профитерство. Орбан подоцна како одговор рече дека новинарите во Унгарија имаат поголема слобода отколку нивните германски колеги.

Што се однесува до обвинувањата за антисемитизам, Орбан одговори дека „отворен антисемитизам и малтретирање на Евреите продолжува да се јавува во Германија” и дека е незамисливо тоа да се случи во Унгарија.

Премиерот на Унгарија, уште рече дека најголемата лага на Шулц е за распределбата на парите на Европската унија.

– Шулц и многу Германци се преправаа дека даваат пари на сиромашните и затоа се во дефицит. Всушност, тие имаат најголема корист од европскиот единствен пазар. Тие им даваат пари од својот профит на другите членки преку буџетот на ЕУ, а голем дел од нив повторно завршуваат во нивни раце. „Лицемерно е да очекуват да бидеме благодарни за тоа – додаде Орбан.

-Членството на Унгарија во ЕУ не ја чини Германија ниту цент, тие профитираат од нас, рече Орбан.
Предноста на Германија е што Западна Германија успеа да насобере капитал во текот на 45 години, додека „Унгарија постојано ја ограбуваа советските комунисти –  додаде унгарскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот