Орбан: Доколку Турција ги пушти бегалците, ќе употребиме сила

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Унгарија ќе употреби сила долж својата јужна граница со Србија, за да ги заштити границите на Европската унија, доколку Турција ја реализира заканата дека ќе ги пушти бегалците од Блискиот исток кон Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Според него, во моментов над 90 илјади луѓе се обидуваат по секоја цена да влезат во земјите од унијата користејки ја илегалната ,,балканска рута”, додавајки дека нивниот број наскоро ќе ја помине бројката од 100 илјади.

Орбан предупреди дека актуелната ситуација во Сирија наскоро ќе има последици и врз Унгарија која ја контролира јужната граница на Европската унија.

Турција неодамна се закани дека ќе ја отвори вратат и ќе дозволи бегалците кои се наоѓаат во камповите во Турција да тргнат кон Европа , доколку унијата продолжи да ја критикува Анкара и да ја става во негативен контекст турската воена операција во Сирија.

Во бегалските кампови во Турција во моментов се наоѓаат околу 3, 6 милионин бегалци од земјите зафатени со војна од Блискиот исток , Азија и Африка.

Унгарскиот премиер пак повтори дека наместо ЕУ да ја критикува Анкара, треба да обезбеди финансиска помош за Турција, да помогне во повтроната изградба на сиријските градови и во нив да ги врати и насели мигрантите и бегалците.

Во спротивно, тие луѓе ќе завршат во Европа, а Унгарија е со поинаква политика во однос на бегалците со другите европски држави кои не се наоѓаат на балканската мигрантска рута ипрактично не се засегнати од бегалскиот бран.

Оваа изјава на Орбан доаѓа во пресрет на најавената постеа на турскиот претседател Реџеп Таип ердоган на Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот