10 C
Скопје

Орбан: Додека Европа се бори против ковид-19, ЕПП води игра за надмоќ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше денеска Европската народна партија (ЕПП), која Фидес неодамна ја напушти, дека се занимава со внатрешни игри додека остатокот на Европа се бори против пандемијата на коронавирусот.

– Додека ние во Унгарија и другите лидери во нивните земји буквално се бориме на живот и смрт со коронавирусот, ЕПП води игри за надмоќ во бирократскиот меур во Брисел, истакна Орбан во писменото обраќање.

Тој додаде дека тоа е „неприфатливо” и дека пратениците на Фидес ја напуштиле парламентарната група на ЕПП, одбивајќи да прифатат дека „правата на членовите на ЕПП ќе бидат ограничени со амандман на статутот на Групата”.

Орбан нагласи дека излезот на Фидес од групата на ЕПП отворил нова перспектива во европската политика.

Прочитајте и...  Тешка сообраќајка: Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени

Унгарскиот премиер изјави дека Унгарците сакале ЕПП да се врати на старата позиција како водечка интелектуална и политичка сила во Европа, но таа можност е изгубена вчера бидејќи, според него, ЕПП станала „анекс на европската левица”. 

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар