Орбан: Џонсон е еден од најхрабрите европски политичари, цел свет беше против него

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Унгарскиот премиер додаде дека „целиот свет бил против Џонсон“, но тој сепак победи на декемвриските избори.

Британскиот премиер Борис Џонсон е „еден од најхрабрите европски политичари“, а ЕУ треба да се стреми кон силни стратешки односи со Британија откако земјата ќе го напушти блокот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Верувам дека со Британија е потребна стратешка соработка во следниот период кога таа веќе нема да биде членка на ЕУ. Борис Џонсон го сметам за еден од најхрабрите европски политичари – истакна Орбан на прес-конференција.

Унгарскиот премиер додаде дека „целиот свет бил против Џонсон“, но тој сепак победи на декемвриските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот