„Ора њуз“: Албанија оди кон втор карантин

Парите што иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Албанија (дознаки) во периодот јануари-септемврибележат значителен раст/ Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанија оди кон второ затворање. И покрај мерките за заштита и обврската за задолжително носење на заштитна маска и на отворен простор, воведена на 15 овој месец, инфекцијата и смртноста од ковид-19 во земјата не се намалува, пренесува „Ора њуз“ телевизија.

Додава дека претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Мира Ракацоли, коментирајќи ги дневните бројки што секојдневно растат, најавила поригорозни мерки, па дури и втор карантин, во случај ситуацијата дополнително да се влоши.

Според неа, со цел да се спречи зголемувањето на случаите и колапс на болниците, одлучено е најмалку еден месец наставата во универзитетите во земјата да одржува онлајн, да се затворат студентските домови, како и ограничување на работното време на угостителските објекти.

– Неопходно е да се воведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата. Во овој контекст, Комитетот на експерти ја анализираше состојбата, ризиците со кои се соочуваме во моментот, ја процени состојбата во регионот и Европа и преземените мерки и едногласно одлучивме да предложиме во универзитетите да се одвива онлајн, најмалку еден месец а студентските домови да бидат затворени до донесување на друга одлука. Во исто време ја разгледуваме можноста за ограничено работење на угостителските објекти по 22 часот, изјавила Ракоцели.

Таа предупредува дека доколку не се почитуваат утврдените правила, постои ризик повторно да биде целосно затворена земјата „што никој не го сака”.

– На совеста и совесноста на секој од нас е да го спречи ширењето на епидемијата. Задолжителното носење маска насекаде па и на отворен простор е исправна одлука. Затоа апелирам носете маска сега за да не мора да носите маската со кислород подоцна, апелира Ракацоли, која е заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Поради влошената епидемиолошка состојба и Министерството за образование е речиси пред трансформација од настава со физичко присуство на учениците во онлајн настава. За таа цел извршена е обука на 17.000 наставници низ целата земја за користење онлајн платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот