Општинскиот Оперативен штаб на Дебар бара да се преземат поригорозни мерки за справување со состојбата со Ковид-19

Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, на денешната попладневна седница анализирајќи ја епидемиолошката состојба со Ковид-19 истата ја оценува како сериозна.

Тоа, како што е речено, го потврдува појавата на зголемениот број заразени и големиот број сомнителни случаи кои се јавуваат во Општата болница во Дебар.

По темелната анализа, е костатирано дека заштитната маска, физичката дистанца и дезинфекцијата на рацете не се доволни за прекинување на синџирот на инфекцијата.

-Бараме од Главниот кризен штаб да се преземат поригорозни превентивни мерки што ќе бидат во директна корелација со состојбата во општина Дебар. Апелираме до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита и да не ја занемаруваат ситуацијата, стои во заклучоците на Штабот.

Во Дебар во последното деноноќие потврдени се 18 новозаразени со Ковид-19, со што бројката само во последните десеттина дена е повеќе од 40 лица.

Од почетокот на пандемијата, односно од првите потврдени случаи на 26 февруари, до сега вкупната бројка е 172 лица. Од нив активни на болеста се 110, починаа петмина останатите 57 ја добиле битката со опасниот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот