Општинскиот кризен штаб на Куманово бара зголемување на бројот на епидемиолози

Општинскиот кризен штаб Куманово повторно бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во Центарот за јавно здравје-Куманово, да го  зголеми бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територијата на општината.

– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на ставот дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму им препорачуваат на  стопанствениците и дистрибутери на автомати за кафе на територија на општина Куманово да ги исклучат од употреба. Правните субјекти (маркети, аптеки и друго) да вршат зачестена дезинфекција  во внатрешните, деловни простории. И банките треба почесто да ги дезинфицираат банкоматите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот