Општинската администрација во Виница и Чешиново-Облешево не работи со странки

Општинската админстрација во локалните самоуправи на Виница и Чешиново-Облешево преземаат дополнителни мерки за заштита од коронавирусот, поради што го прекинаа работењето со странки и го редуцираа работното време.

Сите контакти на вработените во Општина Виница со граѓаните се вршат преку телефон или по електронски пат, поради што се определени и одговорни лица за секој сектор поодделно.

-Општинската администрација од денеска ќе работи со скратено работно време, односно од 8 до 13 часот. Почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита од пандемијата со коронавирусот, ќе се работат само итни и неодложни предмети, поради што бараме граѓаните да имаат разбирање за новонастанатата ситуација, се вели во писменото известување од Општина Чешиново-Облешево.

Од локалните самоуправи ги информираат и фармерите дека треба да се пријават во регионалните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да да добијат соодветна дозвола за движење.

Прочитајте и...  Косовскиот заменик-министер за здравство испратен во 14-дневна изолација

Инаку, на денешниот пазарен ден во Виница целосно беше затворен градскиот пазар и за продавачите на земјоделски и прехранбени производи, но и за трговците со текстил и други артикли.

Прочитај повеќе

Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Во Црне Гора вкупно 84 лица инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска сончево со умерена облачност

Горан Наумовски

Три нови случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 91 заразен

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19

Обвинителството ја истражува смртта на стружанката, која почина од Ковид-19

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат