Општините ѝ должат на „Лајка“ повеќе од 22 милиони денари

Кучиња / ФОТО: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Скопски општини имаат вкупен долг кон ЈП „Лајка“ поголем од 22 милиони денари, иако секоја од нив има обврска годишно да му исплати на претпријатието по 2 милиони денари. Единствена општина која навреме си ги подмирила обврските е Општина Гази Баба, а нејголеми должници се Општина Кисела Вода со нешто повеќе од 5 милиони денари и Општина Ѓорче Петров со 4,8 милиони денари.

Со тоа се оневозможува ефикасното фунционирање на ова претпријатие задолжено за третирање на уличните кучиња. Од „Лајка“ посочуваат дека на пример од вкупно 10 општини во 2022 година средства исплатиле само 3. И покрај неисплатените долгови „Лајка“ постапува во сите општини без исклучок бидејќи, како што информираа, за нив е најважно да се спроведува програмата и да се третираат што е можно повеќе бездомни кучиња.

Ако сите општини си ги исполнуваат обврските, претпријатието ќе биде уште поефикасно. За жал, сега штетата за каснување на територија на овие општини ја плаќаат „Лајка“ и Градот Скопје, а општините своите финансиски обврски не ги исплаќаат. Доколку сите 10 скопски општини си ги плаќаат обврските, претпријатието ќе работи сигурно и одржливо, а со тоа би се решил и проблемот со исплаќање оштети за каснување од бездомно куче – тврдат од претпријатието.

Оттаму укажуваат и на проблемот со носење голем број бездомни кучиња со комбиња од другите градови во Скопје, затоа што на другите општини тоа им е најлесен и најевтин начин за справување со проблемот. За овој проблем претпријатието има поднесено и пријави до Министерството за внатрешни работи, но досега нема никаква интервенција од полицијата.

Без соодветно законско решение за регулирање на неодговорно сопствеништвото, сопствениците ниту мораат да ги регистрираат, ниту плаќаат пенали за штетата што ја предизвикуваат, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици повеќе од четири години е во процедура за донесување – велат од „Лајка“.

И покрај сите овие проблеми со кои се соочува, ЈП “Лајка“ во последните 2 години го има дуплирано резултатот на третирани кучиња наспроти било кое предходно партиско раководство што впрочем и е главната дејност на претпријатието, хуман третман на бездомни кучиња.

Кучешка чума во ЈП „Лајка“ – прифатилиштето во 14-дневен карантин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот