Општина Велес од 27 мај ќе дава субвенции за велосипеди и сончеви колектори

Советот на Општина Велес, на предлог на градоначалникот Аце Коцевски донесе одлука за субвенционирање на купен велосипед од страна на физички лица во вредност до три илјади денари, за што се обезбедени вкупно 500 илјади денари, како и за субвенционирање на купен сончев термаленен колектор во висина до 20 илјади денари, за кој исто така се обезбедени 500 илјади денари од општинскиот буџет, информира на денешната прес – конференција градоначалникот Коцевски.

Тој  појасни дека преку соопштенија на локалните медиуми, објави на официјалната интернет страница и Facebook профил на Општина Велес, граѓаните ќе бидат информирани во врска со деталите при поднесувањето на потребните документи за аплицирање за овие субвенции.

-По завршување на сите постапки и процедури, на 27 мај 2020 година, идната среда ќе започне периодот на пријавување на заинтересираните физички лица, а постапката за избор ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен”, појасни Коцевски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот