Општина Велес исплати еднократна помош за првачиња, пресметката за парите е недоследна

Фото: mia.mk

Општина Велес зоопшти дека издвоила 1.536.651 денари од буџетот наменети за еднократна парична поддршка за сите првачиња запишани во општинските училишта во учебната 2024/2025 година.

На сметката на 461 родител односно старател на првачињата запишани во основните училишта во Велес, е исплатена еднократната парична помош во висина од 3.000 денари, велат од Општината. По прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка, со што денеска паричната поддршка ќе биде на располагање на нивните трансакциски сметки.

– Општина Велес продолжува да инвестира во најмладите и иднината на градот, велат од локалната самоуправа.

Но, наспроти објавениот износ од општинскиот буџет (1.536.651 денари / 24.975 евра), не е јасно зошто пресметката покажува помал износ – 461 дете по 3.000 денари изнесува 1.383.000 денари, односно 22.477 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот