23 C
Скопје

Општина Тетово: Свлечиштето кон Бањиче е последица на планирани активности

Од Општина Тетово информираат дека вчерашното целосно затрупување на патот од градот кон месноста Бањиче е дел од градежните работи кои се преземаат на планината со цел да се спречат одрони. Според нивната објава, ваквите активности на тој дел ќе продолжат во наредните денови со цел да се отстранат одронатите карпи, камења и земја како и да се спречат нови одрони.

– Свлечиштето на патот кон месноста Бањиче – Тетово е последица на планираните работни активности околу средување на теренот на неколку критични точки каде има појава на одрони. За оваа цел, општина Тетово веќе две недели ангажира машинерија и работни тимови кои работат на израмнување на падините во горниот дел на патот Бањиче со цел долгорочно решавање на овој проблем. Работните активности ќе продолжат во наредните денови до целосно отстранување на потенцијалната опасност за граѓаните кои се движат на терените на оваа рекреативна област на градот, се вели во соопштнието на Општина Тетово.

Вчера во раните попладневни часови целосно затрупан беше патот од Тетово кон месноста Бањиче. Карпи, камења и земја наназад неколку денови се најдоа и во коритото на река Пена.

Во текот на зимските месеци во неколку наврати поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово, која важи за рекреактивна дестинација за пешачење, трчање и велосипедизам.

Поврзани вести

Блуши: Секој кандидат добил мандат со изборен криминал не заслужува да седне во Парламентот

МИА Агенција

Сасоли на почетокот на Конференцијата за иднината на Европа: Не смееме да имаме табуа

МИА Агенција

Макрон сака Европа која „одлучува побрзо и посилно”

МИА Агенција

Групата против дигитални учебници чека покана за нова средба од МОН

МИА Агенција

Инфоматеријали за Еразмус+ на Водно по повод Денот на Европа

Слободен печат

Аџилак во Мека оваа година под посебни услови

Слободен печат

Остави Коментар