Општина Тетово со втор јавен повик за субвенции за инвертери: Средства има за 89 домаќинства

Општина Тетово / Фото: МИА

Општина Тетово попладневно објави втор јавен повик на кој граѓаните ќе може аплицираат за субвенции за набавка на инвертер-клима уред. Ваква бенефиција, согласно буџетските можности, ќе добијат 89 домаќинства.

– Само едно лице по  домаќинство (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање на надоместок при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди, но барателот мора да ги исполни условите од јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавка на сите уреди нема да надмине повеќе од 62.000 денари, со вклучен и пресметан персонален данок на доход по домаќинство кој се исплаќа преку Општина Тетово, се наведува во јавниот повик.

Информации за потребната документација се објавени на интернет страницата на Општината. На 11 август во 2020 година. Општина Тетово го објави првиот јавен повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање на инвертер клима уреди, согласно владината одлука од декевмри во 2019 година за спроведување на мерки за унапредување на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот