Општина Тетово со неколку мерки со цел поголема безбедност на „Индустриска улица”

Општина Тетово / Фото: МИА

Општина Тетово започна со повеќе активности за кои сметаат дека ќе ја подобрат безбедноста на булеварот „Видое Смилевски-Бато” попознат како Индустриска улица.

Се поставува ограда на средината од булеварот која треба да спречи преминување на коловозните ленти вон пешачките премини. Воедно се поставуваат грпки на коловозните ленти поточно на пешачките премини, за како што соопштија од општината да се овозможи намалување на брзината на возилата на оваа делница.

-Ова се прави со цел да се спречат несреќи кои честопати го загрозуваат животот на граѓаните. Ова е транзитен пат, овој дел од градот е густо населен, а има многу деца кои следат настава во основното училиште „Кирил и Методиј”. Во текот на следната недела, ќе поставиме и дополнителна вертикална сигнализација, а ќе ги обележиме и пешачките премини, се вели во известувањето од општина Тетово.

На 13 јануари шестгодишно девојче го загуби животот откако беше удрено од возило на овој булевар, по што на 25 јануари беше организиран и јавен протест на жителите и граѓаните кои бараа преземање итни мерки за да се спречат идни несреќи и поголема полициска контрола на сообраќајот.

Според СВР Тетово, во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Оваа делница претставува и магистрален пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот