Општина Струмица препорачува граѓаните да не ја користат трим патеката над градот

Општинскиот штаб за заштита и спасување им препопрачува на граѓаните да не ја користат трим патеката над градот која води до манастирот „Свети Илија”, објавија денеска од Општина Струмица.

-Од воведувањето на вонредната состојба и апелите граѓаните да останат дома, голем број струмичани, посебно помлади, ја користат трим патеката. Од тие причини општината апелира граѓаните да не ја користат за да не доаѓа до поблиски контакти и можно пренесување на коронавирусот, стои во препораката од локалната самоуправа.

Трим патеката е долга 2.100 метри и на неа има поставена справи за вежбање, а на струмичани им е омилено место за спорт и рекреација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот