Општина Ресен со превентивни мерки за заштита од коронавирус

фото: МИА

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски одржа работна средба со членовите на локалниот Совет за превенција и информира за преземените мерки на Општината за заштита од коронавирус.

Општина Ресен информира дека се утврдени превентивни мерки за заштита од коронавирус кои се со посебен акцент на заштитата на учениците во општинските училишта.

– На состанокот со членовите на локалниот Совет за превенција посочивме дека треба да се почитуваат националните препораки за заштита, а на учениците да им се посочат сите мерки и информации за начинот на заштита, истакна градоначалникот Гошаревски.

Членовите на локалниот Совет за превенција беа информирани дека Општината ќе постави заштитни столпчиња и друга сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учениците на влезовите и тротоарите кај училиштата во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот