Општина Охрид: „Момир“ и „Ликвид“ сами побараа да си ги урнат платформите

Општина Охрид не започна со рушењето на дивите платформи во водите на Охридско Езеро на ресторанот „Момир“ и кафе барот „Ликвид“.

Од Општината велат дека „Момир“ и „Ликвид“ сами се понудиле да ги рушат платформите, додека истовремено од општината ќе бидат вршени контроли за тоа дали навистина ќе бидат урнати, пренесе Охрид 1.

„Сами побараа да си ги урнат платформите. Ние како Општина ќе вршиме контроли и за време на викедов, а доколку и натаму не се рушат платформите, нашите работници ќе пристапат кон уривање“, соопштиле од Општина Охрид.

Отстранувањето на објектите на кејот од Охридското Езеро следува откако претходно од кафе-барот „Аквариус“ сами ја урнаа нивната дивоизградена платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот