Општина Охрид: Ако има судир на интереси ќе се постапува по Закон

Врз основа на јавниот интерес во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградени објекти, кој Општина Охрид го објави на 28-ми јуни 2019 година, Ве информираме дека постапката за јавна набавка е се уште во тек.

Оваа постапка за јавна набавка, како и сите други, се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти, а право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка

Во текот на вчерашниот ден од страна на Комисијата за јавната набавка во Општина Охрид беше извршено отворање на понудите. Следува евалуација на понудите, во која треба да се утврдат способностите на економските оператори и причини за исклучување од постапката. Доколку во текот на евалуацијата на понудите се утврди одреден судир на интереси, ќе се постапки согласно предвидените законски процедури.

Газдата на дивоградбата кај Чинарот конкурирал на тендерот за фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот