Општина Маврово и Ростуше доби донација од ЕУ во заштитни маски и средства за дезинекција

Општина Маврово и Ростуше деновиве добила донација од ЕУ, која се состои од заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за поддршка на напорите на локалната самоуправа во борбата против Ковид-19.

– Донираните материјали се резултат од заштедите кои се направени во рамки на проектот ,,Подготвителни активности за ИПА 2020, Програма за поддршка на општините” (Prep4MSP) кој е проект финансиран со средства од ЕУ во блиска соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамки на грантовата шема ЕУ за општините, информираа од општината.

Од таму искажуваат голема благодарност до делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во изминатиот период во неколку наврати Јавната здравствена установа „Д-р Русе Бошковски” во Ростуше, доби заштитни средства, скафандери,визери, медицински маски од повеќе компании и институци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот