Општина Кочани го поддржи граѓанскиот протест за чист воздух

Претставници на граѓанското движење за чист воздух од Кочани попладнево се сретнаа со градоначалникот Николчо Илијев и го информираа за состојбите и активностите што се преземаат за да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух во општината и регионот.

На средбата градоначалникот Илијев ја истакна поддршката што локалната самоуправа ја дава на барањата на граѓанското движење, кое за утре најавува организиран протест. Притоа информираше за конкретните мерки што континуирано се преземаат за да се спречи горењето и чадот од Градската депонија кај Кочани.

– Сите сме за почист воздух, поради што се придружувам кон протестот на граѓанското движење, заеднички да се избориме за поздрава животна средина на начини во рамките на законските одредби и пропишаните надлежности. Вршиме површински третман на депонијата со земја што се вади од неколку градежни локации, а наменивме 1,2 милиони денари за силиконско затворање на внатрешните жаришта и за спречување на чадењето на депонијата. Исто така, вклучени сме во проектот за регионална депонија по европски стандарди, со што Градската депонија во Кочани целосно ќе се затвори, а отпадот ќе се транспортира во регионален центар- истакна Илијев.

Прочитајте и...  Андрикиене: Мисијата за оценка на изборите во Македонија е со ист формат како и мисиите во Србија, Хрватска и Полска

На средбата стана збор и за загадувањето на воздухот со палењето на стрништата и сламата, при што градоначалникот нагласи дека се преземаат сет-мерки меѓу кои се собирањето на сламата од која ќе се произведува ѓубриво за посевите, подигање на јавната свест за штетите по животната средина од палењето на стрништата, како и поддршка за доследно изрекување казнени мерки за лицата кои ги палат нивите.

– Формиравме четири инспекциски тима со двосменска работа како дополнително засилување на општинската инспекција за животна средина и најавуваме дополнителен мониторинг на состојбата на воздухот во Кочани. Кај надлежните државни инспекторати инсистираме совесно да интервенираат и да донесуваат соодветни решенија за фирмите со А и Б интегрирани дозволи, а со последното решение од Инспекторатот за животна средина на една кочанска фирма ѝ е даден рок за поставување филтер на оџакот- информираше градоначалникот Илијев.

Прочитајте и...  Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНE го осуди објавувањето на снимките, бара истрага од надлежните

Претставниците на граѓанското движење за чист воздух во Кочани ги истакнаа иницијативите кои сметаат дека се соодветни за побрзо справување со загадувачите на воздухот. Притоа го повикаа градоначалникот и општинската администрација да се вклучат во протестот за чист воздух.

Прочитај повеќе

Светот допрва ќе ги осети последиците од короната: Вниманието е на вирусот, а демнее опасност за која никој не збори

Слободен печат

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат