Општина Кисела Вода засади 130 садници во градинката „Мимоза“

Фото: kiselavoda.gov.mk

Општина Кисела Вода со средства од Владата, во дворот на градинката „Мимоза”, лоцирана во урбаната заедница „Цветан Димов”, засади 130 зимзелени садници. Покрај оградата на градинката, засадени се 50 лејланди и 80 прунуси. За наводнување на садниците, кои ќе формираат зелена ограда, поставен е и автоматски систем.

Имено, за уредувањето на дворот, на објектот „Мимоза”, кој е во склоп на ЈДГ „Весели цветови”, Општина Кисела Вода претходно аплицираше на jавниот повик на Владата, за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година. За проектот беа одобрени 230.000 денари.

И минатата година, Општината во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со поддршка од Владата во дворот на градинката „Синоличка” засади трева, 250 садници, елки, зимзелени магнолии, багреми, лешници, дуњи, туји и цвеќиња. За наводнување на истите, беше поставен автоматски систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот