Општина Кисела Вода врши дезинфекција на повеќе локации

Општина Кисела Вода врши дезинфекција на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење, на автобуските постојки…
Мобилни тимови организирани од Општината вршат прскање за дезинфекција со цел превенција и заштита на здравјето на луѓето од коронавирусот. Се работи во сите месни и урбани заедници, опфатени се и просториите на Општината.
Од Општина Кисела Вода потсетуваат дека претходно, во соработка со Центарот за јавно здравје, се спроведе и голема акција за дезинфекција во сите градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на оваа локална самоуправа.
Во рамки на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот,  Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот крст и хуманитарната организација „Св. Спас”, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие секојдневно за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 8:30 до 12:30 часот, можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат.
Доставата е бесплатна, а за набавката граѓаните треба да издвојат финансиски средства.
За повикување на мобилните тимови на цела територија на Општина Кисела Вода, граѓаните можат да се јават на следните телефонски броеви: Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456  и 02/3211-417.

 

Општина Кисела Вода соопшти дека веќе е во контакт со Советот на стопанственици од овој дел на Скопје и апелира до нив да ја покажат својата општествена одговорност и да излезат во пресрет на граѓаните согласно своите можности.

-Апелираме и до сите граѓани да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство за правилна домашна изолација и одговорно однесување, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот