Општина Кисела Вода: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата наменета за ребалансот на буџетот

Со големо разочарување од однесувањето на советниците на ВМРО ДПМНЕ, сакаме да ја известиме јавноста, а пред се жителите на општина Кисела Вода дека денешната, 43-та седница на Советот на општината беше прекината, реагираат од Општина Кисела Вода.

-Водејќи се од лични теснопартиски интереси, советниците од опозицијата одлучија да ја напуштат седницата на која денес требаше да се донесат битни точки, пред се’, ребалансот на буџетот. Со овој дрзок чин, се оневозможува реализација на крупни проекти од сите сфери на живеењето, функционирање и развојот на општината. Имено, советниците од ВМРО ДПМНЕ денес оневозможија изгласување на изградба на фекални канализации во повеќе урбани заедници, реконструкција на улици, ја одложија изградбата на детска градинка во населбата 11 Октомври згради, ги извисија дури и децата на загинатите бранители од 2001-та кои беа дел од денешниот дневен ред и на кои требаше да им се додели парична помош- стои во реакцијата Општината.

Зад маската на загриженост, лицемерно лажејќи ја јавноста, велат оттаму, советниците на опозиционата ВМРО, ги казнија сите жители на општина Кисела Вода, напуштајќи ја седницата, бидејќи знаеја дека ќе нема кворум поради тоа  што една од советничките од владејачката гарнитура доби заменик министерско место во новата Влада, што значи дека на оваа седница требаше да се верификува и нов советнички мандат.

-Сакаме да ги прашаме овие лица кои се изгласани од народот да носат одлуки за народот, до кога заради ситни политички поени на нивната партија ќе ја блокираат работата на општина Кисела Вода? Дали не разбираат дека најважни се граѓаните, а не политичките гарнитури? Дека приоритет треба да има реализацијата на проектите кои имаат за цел да им обезбедат бенефит на жителите, а не евтиниот политички маркетинг диктиран од нивното партиско раководство?- запршуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот