Општина Кисела Вода објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори – маркети

Кисела Вода / илустрација

Општина Кисела денеска објави јавен повик за онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија.

Како соопшти денеска општината, сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: contac[email protected], додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до утре, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2671-online.

-Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19. Во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот, Општина Кисела Вода замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот