Општина Кисела Вода ќе обезбеди награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките

Фото: Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжува традицијата на наградување и стимулирање на талентираните ученици и спортисти од основните училишта и наградување на најдобрите просветни работници од основните училишта и јавните детски градинки кои опстојуваат на територијата на општината.

Имено, во понеделник (06.06.2022) ќе биде објавен јавниот оглас за пријавување на најдобрите основци, кои постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата и спортот, а како што информираат од оваа скопска општина, обезбедени се и стимулативни награди и за просветните работници кои дале посебен придонес во областа на воспитно – образованиот процес, како и во делот на стручната работа со учениците.

– Нема да изостанат и награди и признанија и за воспитувачите, негователите и стручниот тим од детските градинки, кои со својата работа придонесуваат за згрижувањето, воспитувањето и образованието на најмалите жители на општината Кисела Вода. Во програмите за работа на Секторот за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура предвидени се финансиски средства за таа намена, а мешовити комисии составени од претставници од Советите на родителите, Наставничките совети, стручните совети на градинките, Управните и Училишните одбори, општинската администрација и членовите на Советот на општината ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно критериумите во Правилниците донесени од Советот на општината Кисела Вода, за таа намена – информираат од Општина Кисела Вода.

Според најавите, Огласот ќе се објави на веб страната на општината на ден 06.06.2021 година и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страница и социјалните медиуми, јавниот оглас ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно – образовни установи во општината.
Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат условите во огласот, воопшто да не се колебаат и да земат учество во изборот.

Наградите официјално ќе бидат доделени од страна на Градоначалникот на општината, по повод роденденот на Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот