Општина Кисела Вода ќе набави минибус за превоз на деца

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Минибусот за превоз на ученици ќе овозможи редовен и безбеден транспорт на учениците кои секојдневно патуваат до училиште и назад.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски потпиша два гранта со Светската банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проектот за обнова на улица „1″ во село Усје и ќе се изврши набавка на камионче со прскалка за чистење на улици и на минибус за превоз на деца.

Како што соопшти Општината, улицата „1″ во село Усје е со видливи оштетувања поради што се извршува обнова на постоечкиот коловоз. Целата должина на трасата е 2.279,86 метри, коловозот на постојната улица е асфалтен со ширина од околу четири метри, освен на мал дел каде е со ширина од околу девет метри и улицата нема тротоар.

– Секаде каде постојат услови ќе се изведат тротоари, а во близина на постоечката црква ќе се изработи и паркинг простор од павер елементи со ширина од пет метри и должина од 15 метри, се наведува во соопштението.

Општинските власти информираат дека со набавка на камиончето со прскалка за чистење под висок притисок Општина Кисела Вода во голема мерка ќе помогне за одржување на хигиената во општината, а со тоа директно ќе се подобри и квалитетот на животната средина, додека пак минибусот за превоз на ученици ќе овозможи редовен и безбеден транспорт на учениците кои секојдневно патуваат до училиште и назад.

– За комплетирање на реализацијата на овој проект Општина Кисела Вода ќе обезбеди дополнителни 800.000,00 денари од својот буџет. Општина Кисела Вода уште еднаш ги потврдува своите заложби за подобрување на квалитетот на живеење, подобрување на животна средина и грижа за своите најмали жители, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот