Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчињата

Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња. Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.

Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.

За добивање на парична помош, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот