Општина Кисела Вода бесплатно ќе собира кабаст отпад

Општината посочува дека го спроведува овој проект преку Секторот за месна самоуправа, со цел решавање на проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад, што е казниво со закон.

Општина Кисела Вода од понеделник започнува со проект за собирање на кабаст отпад од домовите на своите жители.

– Секој работен ден, во периодот од 08:30 до 16:30, тие можат да се јават на телефонот 072 313-331 и да дадат информација дека поседуваат кабаст отпад, по што ќе се направи договор со службите на Општината за негово бесплатно подигнување од пријавената локација, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.

Општината посочува дека го спроведува овој проект преку Секторот за месна самоуправа, со цел решавање на проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад, што е казниво со закон.

– Потсетуваме дека собирањето на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење. Од тука, во периодот што следи, инспекциската служба ќе работи засилено на пронаоѓање и санкционирање на лицата кои евентуално нема да ги користат услугите на Општината и повторно отпадот ќе го одлагаат на јавни површини, се потенцира во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот