Општина Карпош со финансиска поддршка за ученици, спортисти и културни друштва

Членовите во Советот на Општина Карпош, на денешната 23-та седница, ги одобрија Одлуките за одобрување на финансиски средства за летен одмор на ученици од семејства во потешка материјална состојба од Општина Карпош, како и финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација за заедничко патување од општинските основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2018/2019 та година.

На оваа седница беа одобрени и парични награди за првенците-полуматуранти од општинските основни училишта од Карпош, како и за наградна домашна или меѓународна повеќедневна спортска екскурзија. Финансиски наградни средства добија и професори-тренери и индивидуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2019 година, како и менторите на хоровите од училиштата во локалната самоуправа за хорскиот натпревар меѓу училиштата во оваа учебна година.

Финансиска поддршка со одлука на Советот на локалната самоуправа, е одобрена и за одбојкарскиот клуб „Фит Фан Волеј Скопје“, спортскиот клуб „О.К Вардар Скопје“, фудбалскиот клуб „Академија Пандев- Карпош“, „Лепенец Скопје“, фудбалскиот клуб „Карев“, „Карате клуб Скопје“ и др.

Исто така се одобри и финансиската поткрепа за АКУД „Мирче Ацев“, фолклорното друштво „Етнос“,  МКУД „Цветан Димов“, како и за друштвото за дизајн „Арт Крафт Дизајн Дооел Скопје“, и финансиска поддршка за проф. Д-р Марјан Димитријевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот