Општина Карпош со дополнителни мерки за превенција од коронавирусот

Мерката, како што истакна градоначалникот Богоев, се воведува со цел да не застане целосно работата на локалната власт, туку работите и натаму да може да се вршат, но со поголемо избегнување на физички контакт.

Општина Карпош освен важечките препораки од Владата, од утре времено ќе ги укине приемните денови во секторите за урбанизам, инспекторат, финансии и даночното одделение, но и во делот за социјала во состав на Секторот за јавни дејности, со цел превенирање на евентуалното ширење на вирусот.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Капрош Стефан Богоев на денешната 37 седница на Советот на Општината, каде ги информирал членовите на Советот за сегашната состојба, но и за сите мерки кои досега се преземени и тековно самостојно ги презема локалната самоуправа за превенција од ширењето на коронавирусот.

Како дополнителен механизам, Богоев ја нагласил теренската кампања која почнува од утре во сите урбани и месни заедници, и каде ќе се истакнат телефонските броеви, мејл адресите и контакт личностите од сите споменати сектори и одделенија со кои ќе може да комуницираат жителите на Карпош.

Мерката, како што истакна градоначалникот Богоев, се воведува со цел да не застане целосно работата на локалната власт, туку работите и натаму да може да се вршат, но со поголемо избегнување на физички контакт.

-Од утре паралелно со оваа кампања ќе се спроведе информативна теренска кампања за сите препораки, насоки и задолженија кои вчера ги изнесе министерот за здравство, а се однесуваат на целата популација, односно сé она што се однесува на секој граѓанин, поточно како секој граѓанин да се заштити себе и да ги заштити оние околу него од опасноста од зараза и пренесување на коронавирусот, рече Богоев.

Градоначалникот додаде дека екипите за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Карпош од средината до крајот на февруари, ги извршиле своите задолжителни активности во сите градинки и училишта на територијата на Општината, а сега тие екипи се во состојба на висока подготвеност да извршат и вонредна дезинфекција во сите школи и градинки и во нивните клонови.

– Службите кои се грижат за хигиената во општината добија 100 литри дополнителни количини на дезинфекциони средства и средства за заштита при работа. Конечно, продолжува и миењето на улиците и јавните површини во две смени, а по потреба ќе се мијат и во трета смена на цела територија на локалната самоуправа. Градот ги дезинфицира контејнерите за ѓубре и просторот околу нив, како потенцијални места за ширење зарази, информира Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот