Општина Карпош реагира: Масовна тепачка во Злокуќани со лопати, секири, ножеви – населбата станува гето и опасна за живеење

Фото: Википедија

Општина Карпош побара од полицијата, обвинителството и судот да реагираат на синоќешните случувања во населбата Злокуќани. Според соопштението, вчера дошол до масовна тепачка, со употреба на лопати, секири, ножеви, а од Општината велат дека ова не е прва масовна тепачка и речиси и да не постои граѓанин кој не бил физички нападнат или куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати на сите.

Во соопштението се посочува дека дел од ромската населба во Злокуќани станува гето и опасна за живеење за жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасна за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба.

-За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1 – се вели во соопштението.

Од Општината додаваат дека доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав.

-Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви … (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон – велат од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот