Општина Карпош: Пожарот кај „Борис Трајковски“ не е наш комунален отпад, еколошки инспектор е на терен (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Депонијата во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од утрово е во пламен, а како што од претходно информираа од противпожарната служба во Скопје,  станува збор за градежен шут и отпад кој го гаснат три противпожарни екипи кои се на терен.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Непријатната миризба и црниот чад можат да се почувствуваат низ цела Општина Карпош, а на фотографиите од пожарот се гледа изгорен домашен кабаст отпад.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Пожарот што утринува избувна на сметлиштето позади салата „Борис Трајковски“ не е комунален отпад од Општината. Општина Карпош сиот отпад којшто ќе го соберат комуналните служби и хигиеничари го носи директно во депонијата „Дрисла“. Напротив, Општина Карпош најмалку десетпати досега ја расчистуваше оваа поранешна депонија, каде што со возила беа истоварани огромни количини шут и друг вид отпад. Конечно, во голема акција, заедно со јавните претпријатија, децениската депонија ја исчистивме темелно, ја оградивме со жица и со рампа, така што е оневозможено влегување на камиони и други возила, а со тоа и полнење на сметлиштето.. Најверојатно станува збор за индивидуално фрлање и палење на отпад, што треба да утврдат надлежните служби. Инаку овластениот еколошки инспектор од Општина Карпош веднаш излезе на увид на терен, а Општината повторно презема обврска да го расчисти спаленото ѓубриште“, велат од Општина Карпош.

Од противпожарната служба информираа дека не постои опасност за ширење на пожарот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пожар позади СЦ „Борис Трајковски“ (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот