Општина Карпош потсетува за совесно одложување на отпадот

Општина Карпош ги потсетува сите граѓани на правилно и совесно одложување на отпадот од своите домаќинствата.

Од Општината напоменуваат дека домашниот отпад треба задолжително да се одложува во големите контејнери кои ги поставува и подига ЈП „Комунална хигиена” Скопје.

Како што посочуваат во соопштение, доколку постои потреба од поставување на дополнителни контејнери, заедниците на сопственици – куќни совети, потребно е да испратат барање до ова јавно комунално претпријатие.

-Кабастиот отпад – застарениот мебел, пак, може да се одложи во пунктот на ЈП „Комунална хигиена”, позади бензиската станица „Макпетрол”, во должина на бул. „Илинден” близу до СЦ „Борис Трајковски”. Исто така, на телефонската линија 0800 – 222 – 33 може да се договори транспорт на кабастиот отпад од домаќинството до оваа претоварна станица,

Електричниот и електронскиот отпад – апарати, батерии и акумулатори може да се подигне бесплатно од домаќинството со пријава на 070 – 236 – 000.

Исто така, општинските власти ги известуваат граѓаните дека активни се и броевите за пријава на диви депонии (078 – 421 – 954) и оган на отворено (193).

-Сите сме одговорни за правилно одложување на отпадот и чист Карпош, се наведува во соопштенито на Општина Карпош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот