Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства

Стефан Богоев / Фото: Општина Карпош

Општина Карпош организира хуманитарна акција за 30 најранливи домаќинства. Како резултат на кризната ситуација со Ковид – 19, локалната самоуправа ќе обезбеди прехранбени продукти и средства за хигиена за најпогодените.

Активноста ќе се спроведе во соработка со Црвениот крст, чии волонтери ќе ги подготват социјалните пакети, кои ќе бидат набавени со буџетски средства на Општината.

– Помагавме за време на природни непогоди на нашите соседни земји, помагаме за лекување на наши сограѓани, а сега треба да се справиме со еден од најсериозните вируси во поновата историја. Ковид – 19 го погоди целото општество. Но, коронавирусот не обедини сите, во општествена акција, секој да преземе мерки и активности – изјави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев во неговото видео-обраќање.

Тој истакна дека Карпош традиционално организира хуманитарна акција пред велигденските празници. Но, како што нагласи, како резултат на пандемијата со коронавирусот и избегнување на директен контакт меѓу граѓаните, при донирање на продукти, оваа година акцијата ќе се реализира на посочениот начин.

– Акцентот ќе биде ставен на социјално – најзагрозените граѓани, кои впрочем се погодени и од корона вирусот – рече Богоев.

Градоначалникот упати апел сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус и да ги почитуваат препораките од надлежните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот