Општина Карпош одржа инфо-сесија за картичките „Мој Карпош”

На денешната инфо-сесија, пензионерите од Општина Карпош се информираа за картичката за попусти и бенефиции во повеќе од 250 субјекти на територија на Карпош.

Попусти и бенефиции за жителите на Општина Карпош веќе даваат голем број на кафулиња, ресторани, аптеки, здравствени ординации…

– Богатиот маaлски живот и меѓугенерациската дружба секогаш биле карактеристични за Карпош. За жал, како резултат на брзото живеење подзаборавивме на овие моменти. Затоа, мојата цел е во овие клубови да доаѓаат и ученици, да остварат средба со вас, да реализирате работилница. И со оваа картичка успеавме да направиме соработка меѓу повеќе страни и да ги опфатиме буквално сите категории на граѓани – истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Од Општина Карпош информираа дека на средбата се разговарало и за проектот за „хумани патроли”, кој Општината го подготвува за повозрасните сограѓани.

– Всушност, лицата кои се под социјален ризик или не добиваат никаква грижа, ќе бидат посетени од страна на медицински тимови и социјални служби од Општината, со цел да им се пружи нега и здравствена заштита – посочија од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот