Општина Карпош одобри финансиска поддршка за спортски проекти

Општина Карпош одобри финансиска поддршка на проектите „Школа за пливање” и „Преку игри без граници за разрешување на конфликти”, а беа одобрени и финансии за „Забавни спортски игри”.

Одлуките се донесени на денешната седница на Советот на општината. Членовите на Советот ја изгласаа и програмата за изменување и дополнување на активностите на Општина Карпош во областа на спортот, а беше усвоена и измената на распоредот на средствата на буџетот на локалната самоуправа за оваа година.

На седницата беше донесена и одлука за отпочнување со работа на објектот со проширени просторни услови на ЈУОГД „Мајски Цвет” во објектот „Јасмин” на улицата „Женевска”. Правилниците за систематизација на работните места во четирите детски градинки „Мајски Цвет”, „Распеана Младост”, „Орце Николов” и „Пролет” што функционираат на територијата на локалната самоуправа, исто така беа изгласани од мнозинството од советниците.

Како што информираат од Општината, на седницата се донесоа и одлуките за давање согласност за започнување на постапка за издавање под закуп на спортските сали на општинските основни училишта од територијата на општината за наредната учебна година и согласност за започнување постапка за издавање под закуп на училишен простор: училници, холови, продавници, магацински простор, помошни училници и подрумски простори на основните училишта од територијата на локалната самоуправа за учебната 2019/2020 година.

Со одлука на Советот беа одобрени средства за плаќање надоместок за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица и ангажирани за вршење на јавни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот