Општина Карпош ќе воведе хумани патроли за грижа за највозрасните жители

Локалната самоуправа за овој проект аплицирала до Министерството за труд и социјална политика и во 2020 година се очекува негова реализација.

Проектот за хумани патроли ќе овозможи зголемена грижа и нега за највозрасните, изнемоштени лица, домашни посети и медицинска поддршка, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на предновогодишна дружба со здруженијата на пензионери од општината.  Локалната самоуправа за овој проект аплицирала до Министерството за труд и социјална политика и во 2020 година се очекува негова реализација.

Како што соопшти Општина Карпош, на средбата со градоначалникот и советниците, пензионерите го поздравиле враќањето на спортска сала „Партизан” во владение на Карпош, затоа што за тој објект имаат убави сеќавања од младоста.

Градоначалникот Богоев најавил и отворање два нови пензионерски клуба. Им посакал на пензионерите среќни празници и мирна година, исполнета со здравје, среќа и благосостојба и истакнал дека Општината ќе продолжи да биде партнер на највозрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот