Општина Карпош ќе одбележи 43 години од своето основање

Општина Карпош денеска ќе одбележи 43 години од своето основање. По тој повод во Кинотека ќе се одржи мултимедијален настан, на кој ќе се обрати градоначалникот Стефан Богоев.

Предвидено е и доделување на плакета за заслужен граѓанин, изведба на музички точки и доделување на стипендии на талентирани ученици.

Во пресрет на одбележување на Денот на Општина Карпош, локалната самоуправа организираше повеќе активности кои, како што велат, го симболизираат нивното постоење.

Во ООУ „Вера Циривири – Трена” во Карпош 2 беше отворена нова сензорна соба за ученици со попреченост, во ООУ „Владо Тасевски” во Козле беа доделени стипендии на талентирани ученици – спортисти, се одржа традиционален атлетски крос на кој учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од сите основни училишта во Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот